позадина

НАЦИОНАЛЕН ПАРК ШАР ПЛАНИНА

За паркот

Шар Планинa е голем високопланински масив кој се протега во пограничната област помеѓу Северна Македонија (56,25%), Косово (43,12%) и Албанија (0,63%). Подрачјето на Шар Планина се карактеризира со извонредни природни вредности и претставува европско жариште на биодиверзитет. По неколкудецениско чекање, на 30 јуни 2021 година, Собранието на РСМ прогласи дел од Шар Планина за Национален парк.

За името на планината најмногу се верува дека потекнува од шаренилото кое се протега од најниските шуми и пасишта па се до високите врвови, особено во зимскиот период со тешките наноси на снег.

Паркот се простира на површина од 62705 хектари и е богат со шуми, пасишта, глацијални езера, водотеци и разновидна геоморфологија. Регионот се одликува со високи планини чии врвови лесно надминуваат 2500 метри, додека највисок врв е Титов Врв кој се наоѓа на 2748 метри надморска височина.

фотографија од колиба на шар планина

Флора

фотографија од дрвјата во шар планинската шума

Планината има интересна вегетација, која успева на висина од 1000 метри, шумите се простираат до 1700 метри надморска висина, а над нив се пасиштата, на површина од 550 км2. А пасиштата се дом на многубројни стада овци, од чие млеко се произведуваат висококвалитетни сирења.

Во моментов познати се 662 видови дијатоми, 1260 видови васкуларни растенија, повеќе од 260 видови мов, 500 габи и 160 лишаи. Шумите во паркот се широколисни, иглолисни и мешани, 75% од нив се чисти шуми, најчесто букови или дабови. Покрај нив застапени се и: ела, костен, смрека, планински јавор, габер и ендемски видови како македонскиот бор, муника и планински јавор.

Инспиративен
цитат!

Природата не брза, но сè е постигнато. - Lao Tzu

Фауна

Евидентирана е голема разновидност на безрбетници, односно 56 видови на мекотели и скоро 300 видови лажни скорпиони, пајаци и ракови. Досега се познати вкупно 1847 видови инсекти, од кои повеќе од 900 видови се пеперутки и 160 видови тврдокрилци.

Во водните живеалишта потврдени се и 5 видови риби меѓу кои спаѓаат македонската и калифорниската пастрмка. Исто така во овие живеалишта постојат и 11 видови водоземци и 17 видови влекачи.

Помеѓу копнените ‘рбетници можат да се забележат 128 видови птици, од кои најзастeпени се златниот орел, белоглав и египетски мршојадец, сив сокол итн. Застапени се и вкупно 51 вид цицачи како кафеавата мечка, балкански рис, дива мачка, видра, дива свиња, срна, волк, црвена лисица, дивокоза, јазовец и неколку видови куни.

фотографија од орел

Хидрографија

фотографија од водопад

Подрачјето на Шар Планина се карактеризира со повеќе од 100 извори и 20 речни сливови, вклучувајќи ги и нивните главни водотеци и притоки, како и многу глацијални езера. Главните речни сливови се на реките Дуфска, Врутничка, Јеловјанска, Камењска, Уливеричка и реката Пена, и сите се влеваат во реката Вардар. Поголеми глацијални езера се Бозовачкото, Белото Езеро, Боговињското, Караниколичкото, Кривошишкото и Црното Езеро. Голем дел од реките стрмно се спуштаат, а некои од нив формираат впечатливи водопади.

Уште во периодот од седумдесеттите години, реките на Шар Планина се користеле за производство на електрична енергија преку системот за собирање на водите наречен „Шарски Води“. Овој систем ја собира водата од голем број на реки и ја транспортира до акумулацијата Маврово и до хидроцентралите Вруток, Равен и Врбен.

Инспиративен
цитат!

Во поголемиот дел од историјата, човекот морал да се бори со природата за да преживее, во овој век тој почнува да сфаќа дека, за да преживее, мора да ја заштити. - Jacques-Yves Cousteau

Активности

фотографија од човек на велосипед

Планински
велосипедизам

фотографија од двоглед и книга за птици

Набљудување
птици

фотографија од човек кој планинари

Планинарење

фотографија од риболовец

Риболов

фотографија од параглајдер

Спуштање со
параглајдер

фотографија од скијач

Скијање

фотографија од човек кој јава коњ

Јавање
коњ

Престој

фотографија од хотелска соба

Хотел

фотографија од апартман

Апартман

фотографија од планински дом

Планинарски
дом

фотографија од шатор

Камп