Националниот парк Галичица прогласен во 1958 година, се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на планинскиот масив Галичица, вклучително и Преспанското Езеро. Големите отворени површини кон Охридското и Преспанското Езеро кои ја ограничуваат од исток и запад, придонесуваат во нејзиното јасно визуелно одвојување како засебна целина.
Надморската височина на планинскиот масив Галичица во Македонија се движи од 695 м.н.в. (нивото на Охридското Езеро), односно 850 м.н.в. (нивото на Преспанското Езеро), до 2265 м.н.в. на граничен столб Ф10. Помаркантни коти кои доминираат со релјефот се: Магаро - 2254 м.н.в.; Лако Сигној - 1984 м.н.в.; Гога - 1737 м.н.в. и др.